28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтуденти од Економскиот факултет на пракса во турски компании

Студенти од Економскиот факултет на пракса во турски компании

ekonomski fakultet sk

Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кисрил и Методиј (УКИМ) и Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) денеска потпишаа меморандом за соработка.

Деканот на Економскиот факултет Љубомир Дракулевски за соработката со МАТТО посочи дека студентите ќе имаа одлична можност да се стекнат со меѓународни искуства во реномирани компании од Турција.

„Во наредниот период очекуваме поинтезивно соработка на двете институции во разни аспекти на соработка. Тука не подразбираме само за стекнување на искуства на нашите студенти во компаниите што се во Македонија, туку подразбираме и заеднички проекти, подразбираме помош од Економскиот факултет до компаниите од Турција во Македонија но подразбираме и поддршка на овие компании кон активностите на факултетот, како и подобро запознавање едни со други, а се во заеднички интерес“, истакна Дракулевски.

За претседателот на Управниот одбор на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи соработката на комората и факултетот претставува можност, како што кажа, науката и трговијата да дадат одлични резултати.

„Не ни е целта да профитираме, туку сакаме со оваа соработка да прозлезат повеќе социјални проекти. Очекуваме студентите од економскиот факултет да стажираат во компаниите кои се наши членки како и повремено да ги праќаме во Турција за да видат како се работи во различни средини“, рече Ејуп Кахвеџи на потпишувањето на меморандумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП