4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ќе преземе четири милијарди евра од неактивни банкарски сметки

Франција ќе преземе четири милијарди евра од неактивни банкарски сметки

fracija evra

Околу четири милијарди евра можеби наскоро ќе се слеат во државната каса на Франција, откако Горниот дом на францускиот Парламент, Сенатот едногласно ги усвои заклучоците на Комисијата за законот за неактивните банкарски сметки и осигурителни договори, јави дописникот на МИА од Париз.

Според одредбите на законот, предвидено е државата да ги присвои парите кои мируваат на банкарските сметки подолго од 20 години и ако никој не ги побара или наследи. Влогот од оваа законска одредба е голем бидејќи банките имаат десетици илјади неактивни банкарски сметки, заборавеи од нивните сопственици или едноставно игнорирани при поделбата на наследствата на починатиот носител.

Според информациите износот на „заборавените“ банкарските сметки во Франција се проценува на 1,2 милијарди евра и 2,7 милијарди евра за договорите за животно осигурување, соопшти министерот за финансии Мишел Сапан.

Во дискусијата беше забележано дека банките располагаат со 670.000 банкарски сметки на стогодишници, а вусшност во Франција одвај има 20.000 лица постари од сто години.

Банките сега секоја година ќе треба да прават рекапитулација на неактивните сметки и нивните суми да ги пренесат во државната благајна. Предвидено е да бидат попишани и банкарските сефови.

Нотарите задолжени да ги решаваат наследните постапки, ќе мораат да ги консултираат централните регистри на банкарските сметки и осигурителните полиси. Истовремено, наследниците ќе имаат можност да ги преземат тие средства 20 години по смртта на нивниот близок. По овај рок, фондовите преминуваат на државната сметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП