2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаленса: Еврозоната е гаранција за слобода и безбедност

Валенса: Еврозоната е гаранција за слобода и безбедност

lehvalensapolska

Полска треба да и се придружи на еврозоната за да стане целосно слободна и безбедна, изјави Лех Валенса, поранешниот лидер на движењето „Солидарност“, кој му стави крај на комунизмот во оваа земја.

Валенса (70) нема официјална позиција во државните органи, но има големо влијание во полската јавност.

Тој во интервјуто за локалниот весник „Газера виборча“ изјави дека транзицијата на Полска од диктатурата сеуште не е завршена.

„Влезот во еврозоната е завршната работа за која сум заинтересиран. Ова не е целосна слобода. Ќе направам се, без оглед на цената  која лично ќе ја платам, за да и помогнам на земјата да влезе во еврозоната“, изјави првиот пост-комунистички претседател на Полска.

Тој оцени дека Полска ќе биде безбедна и напредна, а тој мирен дури тогаш кога земјата ќе влезе во тој блок кој го користи еврото.

Официјалниот став на Полска е дека еден ден ќе влезе во еврозоната, но точниот датум не е одреден. Централно-десничарската влада на премиерот Доналд Туск, која е наклонета кон Европската унија, сугерираше дека нема да брза со вклучувањето во европскиот монетарен блок.

Полска наскоро ќе ги исполни и техничките услови за влез во еврозоната, но анкетите покажуваат дека јавноста е против тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП