2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДојран со нов лик за летната туристичка сезона

Дојран со нов лик за летната туристичка сезона

Dojran-Macedoniajyj6u65u76

До почетокот на летната туристичка сезона Дојран ќе добие нов лик со реализирање на проектот за уредување на плажите.

Градската плажа, во должина од 500 метри, од новите содржини ќе добие главен сервисен пункт и два помошни шанкови, три нови тоалети, нови лежалки, санитарни јазлии шест спортски терени за мал фудбал, тенис и одбојка на плажа.

Проектот за уредување на плажите во Дојран чини 1,5 милиони евра што ги обезбеди Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски.

Според градоначалникот Борче Стамов, тоа е еден од поголемите реализирани проекти во овој туристички центар.

Покрај Градската плажа, на која е ставен акцент, се уредува и плажата на влезот во Стар Дојран, во должина од 100 метри.Доколку се оди според предвидената динамика, градежните работи планирано е да завршат до втората половина на јуни така што се надеваме дека реализацијата на проектот ќе ги поттикне и приватните концесионери да ги подобрат условите за престој на туристите на нивните плажи, изјави Стамов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП