3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen со 5 нови SUV модели ќе ја престигнува Toyota

Volkswagen со 5 нови SUV модели ќе ја престигнува Toyota

folksvagen33

Групацијата „Volkswagen“ има во план тројно да ја зголеми својата понуда на „SUV“ модели, а со тоа да го престигне светскиот шампион според продажба, јапонска „Toyota“.

Извори блиски на германската компанија тврдат дека во наредните неколку години „Volkswagen“покрај „Touareg“ и „Tiguan“ ќе го прошири своето „SUV“ семејство за дури 5 или 6 нови модели.

Пазарот на „SUV“ и кросовери моментално е секако најатрактивен, а се верува дека до 2018-та година овие модели би можеле да бидат дури 20 проценти од глобалната продукција на автомобили.

Во плановите исто така е редизајниран „Tiguan“ за 2015-та кој ќе биде полесен со цел да се намали потрошувачката на гориво, а се верува дека на пат е и купе, како и подолга верзија на моделот.

„Volkswagen“ исто така би можел да понуди и субкомпактен кросовер, комбинација на „SUV“ и традиционален автомобил, а се верува дека ќе се базира на „Tiguan“ или прототипот „T-Roc“.

Tука е и идеата да се изгради „SUV“ на основа на популарниот концепт „Cross Blue“, а иако од „Volkswagen“ не ги потврдија овие гласини, официјално е објавен амбициозниот план до 2018-та година да се престигне „Toyota“ во продажбата на светско ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП