12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија сака реформи во јавните финансии на ЕУ

Италија сака реформи во јавните финансии на ЕУ

evro-evri-g8uf8

Италија, кога во јули ќе го преземе претседателството со ЕУ, ќе се залага за пристап кој ќе се однесува на структурните реформи и заедничките финансии, во рамките на флексибилното поле, пропишано со постоечките правила на ЕУ, како и за мерки кои ќе ги ослободат приватните инвестиции, најави денес италијанскиот министер за економија Преј Карло Падоан.

Падоан изјави дека Европа ризикува да се најде во замка на „стерилни“ дебати, што ќе предизвика потреба за реформи во јавните финансии.

Италија која во јули го презема шестмесечното претседателство со ЕУ, веќе долго време се обидува да ја пренасочи дебатата за намалување на буџетот на мерки со поттикнување на економскиот раст и отворање на нови работни места, пренесува Ројтерс.

„Не е сеедно дали земјата ќе успее да го консолидира буџетот со добри или лоши реформи, не е сеедно дали тоа е постигнато со остри намалувања или со интелигентно прегледување на јавната потрошувачка“, изјави министерот.

„Можеме да продолжиме да го игнорираме квалитативниот аспект на реформите – тие се клучен дел од економската политика на една земја – и да бидеме заглавени на нулта точка. Во друг случај, се враќаме во „стерилната дебата“ да се штеди или не, оцени Падоан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП