2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДејселблум: Грција можеби ќе има потреба од нов спасувачки пакет

Дејселблум: Грција можеби ќе има потреба од нов спасувачки пакет

Jeroen Dijsselbloem

Грчката економија се развива добро, но долгот на државата е висок и можеби ќе биде потребен нов спасувачки пакет, изјави раководителот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум.

Оценката на Дејселблум доаѓа два дена, откако германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека е можно Грција да побара нов спасувачки пакет од околу десет милијарди евра. На Грција досега и беше одобрена помош од 240 милијарди евра.

„Колку пари и се потребни на Грција и на какво ниво ќе биде новата финансиска помош ќе се реши по летото“, изјави Дејселблум.

Тој додаде дека државниот долг на Грција е висок и доколку каматата за негово исплаќање на се намали, тогаш ќе биде потребна нова помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП