2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватите: Нашите банки се најстабилни

Хрватите: Нашите банки се најстабилни

Hrvatska

Гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујичиќ тврди дека хрватскиот банкарски систем ќе остане еден од најстабилните во Европа, како што тоа беше случај и за време на кризата.

Претставувајќи ја состојбата на хрватската економија една година по влезот во ЕУ, како и можностите за инвестирање во таа земја, на економско-инвестицискиот форум во Виена, Вујичиќ изјави дека до крајот на годината очекува позитивна стапка на инфлацијата.

„Австрија и Хрватска имаат историски врски и многу добра соработка“, изјави гувернерот на австриската централна банка Евалд Новотни. „Хрватска е успешна приказна и во тешки времиња и австриските банки добро работат и остануваат во неа“.

Австрија е најголемиот директен странски инвеститор во Хрватска. Стоковата размена меѓу двете земји во 2013 година изнесуваше 1,2 милијарди евра, а австриските инвеститори од 1993 до 2014 година во Хрватска инвестираа повеќе од седум милијарди евра.

Повеќе од 700 австриски компании работат во Хрватска, беше кажано на форумот на кој присуствуваа претставници од 80 австриски компании, чиј организатор е Хрватската амбасада во Австрија и Ерсте банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП