27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто да направите кога не можете да се сетите на нечие име?

Што да направите кога не можете да се сетите на нечие име?

upoznavanje copy

Стоите лице в лице со човекот кој ви се обраќа како да сте многу блиски, меѓутоа не можете да се сетите на неговото име или уште полошо, не сте ни сигурни кое е ова лице и дали воопшто го познавате. Без разлика дали ова се случува во формален или неформален амбиент, оваа ситуација е многу непријатна. Како да ја решите оваа непријатност?

Иван Миснер, основач на „Business Network International“, препорачува во ваква ситуација да започнете едноставен разговор со „Мило ми е што повторно ве гледам…“, што ќе ви пружи можност да се сетите зошто оваа личност е интимна со вас.

Миснер потсетува дека во многу ситуации, токму ова се случува затоа што на вашата меморија и се потребни неколку секунди да ви стане позната личноста и природата на вашите односи.

Меѓутоа, се случува и покрај краток дијалог идентитетот на лицето да ви остане потполна мистерија. Тогаш, Миснер признава дека најдобро е да се извлечете од ситуацијата со „Извинете, во голема гужва сум, се надевам дека ќе се видиме повторно”.

Ако сте од оние срамежливите, па се чувствувате непријатно дури и да остварите краток разговор, секогаш постои можност да се пошегувате на ваша сметка и преку шега да ја запрашате личноста од каде се познавате: „Извинете, во последно време меморијата не ми е силна страна, можете ли да ме потсетите од каде се познаваме?“ Меѓутоа ако се одлучите на ваков пристап, Миснер предупредува дека треба да бидете подготвени дека можеби ќе го навредите лицето кое стои спроти вас и со тоа ќе му покажете дека не бил достоен за вие да го запомните неговото име.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП