6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатните резерви на Украина изнесуваат 18 милијарди долари

Златните резерви на Украина изнесуваат 18 милијарди долари

11236805705364c3270a01d931439705_640x413

Украина успеа да воспостави соработка со финансиските организации и во сложени финансиски услови да ги зголеми златните резерви на 18 милијарди долари.

Претходно беше објавено дека меѓународните резерви на Украина во периодот јануари-април се намалени за 30,3 проценти, или 6,19 милијарди долари, на 14,22 милијарди долари или помалку од двомесечниот увоз, пренесува Итар тас.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на крајот на април и одобри на Украина кредит од 17,1 милијарди долари, од кои првата транша од 3,2 милијарди долари веќе и е испратена.

Одлуката на ММФ ја поттикна помошта и од другите меѓународни финансиски организации на Украина. Конкретно, Украина привлече милијарди од продажбата на обврзници за кои гарантираа САД, доби 750 милиони кредит од Светска банка и 100 милиони евра макроекономска помош од ЕУ.

Се претпоставува дека соработката со ММФ ќе овозможи до крајот на годината зголемување на меѓународните резерви на земјата на 19,2 милијарди долари или вреднос на увозот за 2,6 месеци. За наредната година се предвидува дека резервите ќе достигнат 26,7 милијарди долари, што е еднакво на увоз за 3,4 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП