26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром ќе испорача 158 милијарди кубни метри гас

Газпром ќе испорача 158 милијарди кубни метри гас

gaz71267773

Руската државна нафтена компанија Газпром планира оваа година во Европа да испорача 158,4 милијарди кубни метри гас, се наведува во документите на компанијата.

Во земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) и Балтичките земји планирана е испорака од 56,4 милијарди кубни метри гас, пренесува агенцијата Итар тас.

Минатата година на Европа и беа испорачани 161,5 милијарди кубни метри гас, а во ЗНД и Балтичките земји 59,4 милијарди.

Средната цена на испораката во Европа изнесувала 387 долари за илјада кубни метри гас, а во ЗНД 272 долари, наведуваат од Газпром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП