Градскиот одбор во американскиот град Сиетел едногласно го изгласа зголемувањето на минималната заработувачка од 15 долари за еден час, што е највисоката минимална плата во САД.
Оваа мерка, која ќе стапи на сила од 1 април 2015 година, подразбира постепено зголемување на платата во наредните неколку години, додека тој процес ќе биде побавен кај малите претпријатија, пренесува агенцијата АП.
Сан Франциско во моментов е град со највисоката минимална плата во САД од 10,74 долари за еден час, додека во Вашингтон минималната цена на трудот изнесува 9,32 долари за еден час.
Сето ова беше ветено во предизборната кампања од страна на сегашниот градоначалник на Сиетел, Ед Мареј, кој на оваа функција беше избран минатата година. Активистите во Сиетел ја прославија оваа вест, за која велат дека ќе биде од голема помош во намалувањето на јазот помеѓу сиромашните и богатите.