5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботниците на Amazon во Германија повторно ќе штрајкуваат

Работниците на Amazon во Германија повторно ќе штрајкуваат

amazon strajk ger

Синдикатот „Verdi“ повторно ги повика работниците кои се вработени во германското одделение на „Amazon“ на штрајк во траење од два дена.

Имено, во синдикатот истакнуваат дека со одбивањето на раководството на компанијата да разговара за новиот договор за плаќање, тие покажуваат помало почитување кон своите вработени. Штрајкот во дистрибутивниот центар во Бад Харсфелд ќе започне во текот на ноќната смена во четврток, додека работниците во Лајпциг ќе стапат во штрајк во текот на утринската смена во петок.

Синдикатот „Verdi“ бара од „Amazon“ зголемување на платите на работниците во своите дистрибутивни центри во склад со колективниот договор во индустријата поврзана со малопродажба и нарачки по пат на пошта во Германија, т.е. тие веќе организираа неколку штрајкови во изминатата година.

Од „Amazon“ ги одбиваат барањата, истакнувајќи дека ги почитуваат своите работници во магацините и логистичките центри кои добиваат поголеми плати од просекот во индустријата.

„Amazon“ моментално вработува околу 9.000 работници во сите девет дистрибутивни центри во Германија, т.е. дополнителни 14.000 сезонски работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП