2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАктуелните проекти на ЕЛЕМ претставени на Пауер Џен Јуроп 2014

Актуелните проекти на ЕЛЕМ претставени на Пауер Џен Јуроп 2014

elem 99

Ветерниот парк Богданци, Шпилје 2, Чебрен, Бошков Мост и Луково Поле се дел од проектите со кои АД Електрани на Македонија се претставува на годинашното издание на најголемиот саем за енергетика во Европа, Пауер Џен Јуроп, што од денеска до четврток се одржува во Келн, Германија.

Токму ваквото претставување, велат од компанијата, придонело за поголема заинтересираност на потенцијалните партнери на меѓународните постапки што ги објавува ЕЛЕМ.

Саемот е одлична можност за размена на искуства и знаења и за привлекување на потенцијални инвеститори за нашите проекти кои се во тек, велат од ЕЛЕМ.

Хедер Џонстон од ПенВел, организаторот на саемот Пауер Џен Јуроп смета дека е се уште рано да се каже колку посетители ќе има на манифестацијата.

Денеска е првиот ден од саемот и затоа се уште ги броиме нашите посетители и излагачи.

Очекуваме саемот да го посетат по околу 5.000 посетители дневно или вкупно 15.000, како и да има повеќе од 400 излагачи од целиот свет, изјави Џонстон.

Според неа, Европа во моментов многу повеќе се фокусира на обновливите извори на енергија и намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид за сметка на конвенционалните извори на енергија.

Пред нас се многу предизвици, а токму Паер Џен Јуроп е местото каде можат да се водат квалитетни дискусии на оваа тема. Се надевам дека ќе можат да се решат некои клучни прашања и да се донесат добри решенија, потенцира Џонстон.

Таа смета дека во Европа во моментов има тренд на намалување на инвестициите во областа на обновливите извори на енергија.

Затоа мораме да бараме нови извори на инвестиции како што се пензиските и инвестициските фондови кои се уште сметаат дека инвестициите во енергетиката се исплатливи, додаде Џонстон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП