2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната ја намали невработеноста, инфлацијата сеуште во пад

Еврозоната ја намали невработеноста, инфлацијата сеуште во пад

ecb.

Невработеноста во еврозоната во април се намали на 11,7 проценти, со забележителни знаци на закрепнување во Португалија и Ирска, додека инфлацијата продолжи да опаѓа.

Во 18 земји членки на еврозоната во април околу 18,75 милиони луѓе биле без работа, што е за 76,000 помалку во однос на нивото од март и за 487,000 помалку во однос на април 2013 година, соопшти Европскиот завод за статистика.

Официјалните податоци во Брисел исто така покажаа дека во мај инфлацијата во монетарната унија забавила на 0,5 од 0,7 проценти од април, пренесува агенцијата Франс прес.

Инфлацијата во еврозоната во последната година е во пад, за време на слабеење на пазарите, со што се зголемуваат очекувањата дека Европската централна банка на состанокот оваа недела ќе ја намали основната каматна стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП