2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal и E.On го напуштаат проектот TAP

Total и E.On го напуштаат проектот TAP

tap2

Француската енергетска компанија „Total“ и германската „E.On“ имаат намера да излезат од проектот за изградба на Трансадриатскиот гасовод (Trans Adriatic Pipeline – TAP), од кој се планира Европа да добива гас од азербејџанското наоѓалиште „Шах Дениз“. Ова денеска пред новинарите на отворениот форум во Баку – „Нафтата и гасот на Каспиското Море“ го кажа Вагиф Алиев, шеф на инвестициското одделение на државната нафтена компанија на Азербејџан, „SOCAR“, која е сопственик на 20% од проектот „TAP“.

Алиев не влегол во детали и засега информациите не се потврдени од друг извор. Според неофацијални извори од раководството на „ТАР“, двете компании веќе размислуваат да се повлечат, затоа што имаат потреба од средства, а проектот нема да почне да носи приходи пред 2019-та година.

„Total“ поседува 10 %, а „E.On“ – 9% од „TAP“. Останатите учесници во проектот се „British Petroleum“ (20%), норвешката „Statoil“ (20%), најголемиот оператор за транзит на природен гас во Европа – белгиската „Fluxys“ (16%) и швајцарската Axpo (5%).

Во јуни 2013-та година конзорциумот за развој на „Шах Дениз“ го избра „ТАР“ гасоводот наместо „Набуко“ за главен коридор на испораките за Европа, заобиколувајќи ја Русија. Почетна точка на цевката треба да е североисточниот грчки град Кипои, клучна гранична точка со Турција. Таму „TAP“ ќе треба да се поврзе со Трансанадолскиот гасовод (TANAP). Потоа гасоводот треба да помине 550 километри низ територијата на Грција, 210 километри низ Албанија, да премине под Јадранското Море (должината на подводната поделба е 105 километри на длабочина до 810 метри) и да излезе на копно во реонот на италијанското село Сан Фоча, во провинцијата Лече.

Почетната моќност на „TAP“ е планирана на 10 милијарди кубни метри годишно со можност за проширување до 20 милијарди годишно. Почетокот на изградбата се очекува во 2015-та година, а првите испораки на гориво за Европа за 2018-2019-та година.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП