2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиена во долгови од 4,6 милијарди евра

Виена во долгови од 4,6 милијарди евра

vienaavstrija1

Главниот град на Австрија минатата година го зголеми своето задолжување со земање на нов кредит од 285 милиони евра, со што вкупниот долг на Виена порасна на рекордни 4,63 милијарди евра.

Министерката за финансии во владата на Виена Ренате Браунер изјави дека понатамошни задолжување од 2016 година нема да бидат можни, укажувајќи на „кочницата за задолжување“, која е воведена на европско ниво.

Реформите во администрацијата, кои се во тек, треба да помогнат да се достигне таа цел, додаде таа.

Според финансискиот извештај за 2013 година трошоците минатата година изнесувале 12,47 милијарди евра, како што се вели во финансискиот извештај за 2013 година, а Браунер вели дека инвестициите во градот се зголемени за само 4 проценти на 1,79 милијарди евра.

Заедно со сопствените инвестиции на градските претпријатија Виена вкупно инвестирала 2,72 милијарди евра минатата година.

Што се однесува на градските службеници, според извештајот, минатата година, на полно работно време, биле вработени 56,720 лица, што е намалување за 100 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП