2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена канцеларијата на ИТ компанијата 6ПМ во Македонија

Отворена канцеларијата на ИТ компанијата 6ПМ во Македонија

kancelarijajkf4p89u98r4yut

Нова канцеларија на ИТ компанијата 6ПМ во Македонија која се занимава со софтверски решенија од областа на здравството денеска беше отворена во Скопје.

Главниот менаџер на 6ПМ групацијата, Иван Бартоло на отворањето ги претстави плановите и насоките на работа на канцеларијата во Скопје, изразувајќи задоволство од позитивната клима која владее во македонското општество за развој на бизнисите.

На отворањето присуствуваше заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, која им посака успех на менаџерскиот тим и на вработените во канцеларијата во Скопје и порача дека институциите на системот секогаш ќе бидат подготвени да им излезат во пресрет на нивните потреби и барања за успешен развој на нивната инвестиција.

Станува збор за компанија од Малта, која има отворено канцеларии и во Канада, Ирска и Велика Британија и се занимава со софтверски решенија од областа на здравството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП