17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија не очекува санкции од ЕУ поради изградбата на „Јужен поток“

Бугарија не очекува санкции од ЕУ поради изградбата на „Јужен поток“

juzen potok bugarija

Сметам дека на крајот на постапката што ја започна Европската комисија, Бугарија нема да се соочи со санкции од ЕУ поради реализацијата за проектот „Јужен поток“, изјави денеска бугарскиот министер за економија и енергетика Драгомир Стојнев.

„На 13 јуни во Бугарија пристигнуваат експерти на Европската комисија за поморскиот дел на гасоводот и заедно со пратениците и со ЕК треба да го расчистиме проблемот“, нагласи Стојнев.

Тој истакна дека веднаш побарал информации од надлежните зошто е објавен тендер за избор на градежна фирма, а не процедура за јавни набавки, при што бил известен дека процедурата е од претходната влада.

„Проектот „Јужен поток“ не е бугарски, туку европски, додаде министерот. Проектната компанија за „Јужен поток“ не е јавна, таа е 50 отсто во сопственост на Бугарија и 50 на Русија. Не гледам потреба да се прават драми од постапката (инициран од ЕК). Ние имаме право на појаснување и на дијалог со ЕК“, рече тој и додаде дека Бугарија останува заложник на конфликтот меѓу Украина и Русија.

„Не може едни држави да имаат директна полза од рускиот природен гас, а други да бидат заложници на тој конфликт“, изјави министерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП