27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗошто BMW и Toyota се потребни една на друга?

Зошто BMW и Toyota се потребни една на друга?

BMW-Toyota-press-conference-2

„BMW“ и „Toyota“ кон крајот на 2013-та година потпишаа договор за соработка за равој на нов спортски автомобил, при што секој производител ќе изработува сопствена верзија на тој модел. Во меѓувреме, двете компании и натаму во тајност ги држат деталите за овој проект.

Најновите информации кои ги објави „Automobile Magazin“, повикувајќи се на извор од „BMW“, покажуваат дека идниот спортски модел „нема да биде суперавтомобил“, туку „спортист“ со иновативни решенија, кој ќе се произведува во голема серија.

Засега е познато дека конструкцијата на возилото ќе биде од лесни материјали, како алуминиум и јаглеродни влакна, а се предвидува и значителна заштеда на масата на компонентите.

sorabotka bmw

Малата тежина на возилата, во комбинација со напред поставениот мотор и заден погон би требало да гарантира дека автомобилот ќе има добри возни карактеристики, не само на патека, туку и на регуларни патишта.

Истиот извор наведува дека за погонот ќе биде употребен шестцилиндарски мотор со компресор кој ќе произведува близу 400 ks.

Многумина се прашуваат поради што на „BMW“ му е потребна „Toyota“ во целата приказна. Се шпекулира дека „BMW“ е заинтересиран за погонските системи, технологијата за водородните горливи ќелии, како и искуството на „Toyotа“ за спортски модели, како што се „Suprа“ или „Lexus LFA“.

sorabotka bmw1

Од друга страна, „Toyota“ пред се сака да го искористи знаењето кое „BMW“ го има кога станува збор за примената на јаглеродни влакна во конструирањето на автомобилите, но и за динамичките карактеристики на возилата.

На крај, за двете компании заедничко им е тоа што веднаш им е потребен спортски автомобил, кој ќе ја освежи понудата во гамата на нивни модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП