24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСингапур ќе топи метали и ќе произведува енергија од отпад

Сингапур ќе топи метали и ќе произведува енергија од отпад

20140428_waste_my

Сингапурската Влада го одобри проектот и издвои 12,5 милиони долари за изградба на фабрика за сепарација на метали што остануваат во пепелта по согорувањето на отпадот.

Сегашната технологија овозможуваше од пепелта, со помош на магнети, да се издвојуваат остатоците од железо, а новиот капацитет ќе ги одвојува бакарот, алуминиумот и други овоени метали. Не е соопштено колку метал ќе се добива со новата сепарација, чиј годишен капацитет ќе биде оспособен да обработи 1.800 тони пепел во кој има стопени метали. Овој капацитет ќе биде завршен кон крајот на 2015 година.

Петмилионскиот Сингапур најави уште една, значајно повредна инвестиција за користење на отпадот. До 2021 година ќе биде завршен комплексот пречистителни станици и енергетски објекти во кои од отпадот со биолошко потекло ќе се добиваат електрична енергија и техничка вода.

Во новиот капацитет ќе се обработува и рециклира околу 60 отсто од отпадот што се собира во Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП