25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегистарските таблички влијаат на цените на возилата во Турција

Регистарските таблички влијаат на цените на возилата во Турција

License-Plate-of-Turkey-1110x400

Буквите што ќе се најдат на регистарските таблички на возилата во Турција влијаат на нивните цени, кои се особено високи доколку комбинацијата претставува кратенка на името на некоја од политичките партии, наведува турскиот сајт Хаберлер.

Цените на возилата особено „скокаат“ доколку на регистарската табличка ја има комбинацијата на буквите АКП, која е кратенка на владејачката Партија на правдата и развојот на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Така, модел на „Мерцедес Е 270“ од 2002 година, чија просечна пазарна вредност изнесува околу 45.000 турски лири (15.700 евра) се продава за 650.000 лири (227.400 евра), затоа што неговата регистарска табличка е „06 АКП 38“. Друг „Мерцедес со регистарска табличка „34 АКП 34“ се продава за 500.000 турски лири (175.000 евра).

„Вредноста“ на кратенките на опозицијата е нешто помала, па така, автомобил марка „Доган“ од 1990 година на чија регистарска табличка ја има кратенката на Републиканската народна партија – ЦХП се продава за 15.000 турски лири (5.200 евра) иако просечната пазарна вредност е околу 8.000 лири (2.800 евра).

Кратенката МХП на опозициската Партија за националистичка акција исто така речиси двојно ја зголемува вредноста на возилото. „Фолксваген“, чија пазарна цена е околу 20.000 лири (7.000 евра) се продава за 35.000 лири (12.300 евра) поради кратенката МХП на нејзината регистрација.

Хаберлер наведува дека и покрај повисоките цени, постои голем интерес за возилата со специфични регистарски таблички. Сопственикот на „Мерцедесот Е 270“ од 2002 година, кој го продава за 650.000 лири, вели дека секојдневно му се јавуваат пратеници и други потенцијални купувачи, кои му даваат понуди.

Тој наведува и пример дека еднаш додека чекал на семафор му се обратиле маж и жена кои му се заблагодарувале затоа што им била укажана особена медицинска грижа во една болница, предпоставувајќи дека е некој висок партиски функционер штом на неговата регистарска табличка ја има кратенката АКП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП