6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШерил Сандберг - таа го научи Фејсбук како да заработува

Шерил Сандберг – таа го научи Фејсбук како да заработува

08208aargrtgr

Пред шест години основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, се најде во невоља. Компанијата нагло растеше, а тој во незрелите дваесети години не знаеше како се води една корпорација.

Тој во декември бил на Божиќна прослава кај директорот Ден Росенсвиг и пред неговата куќа ја здогледал претседателката на Гугл за глобални операции на онлајн продажбата, Шерил Сандберг.

38-годишната генијалка, позната по фантастичните способности, на Цукерберг не му се чинела како реална опција, односно не му се верувало дека таа од компанија со 4.000 вработени ќе премине во Фејсбук, компанија без приходи.

Кај Росенсвиг сепак и пишол и и се претставил. Цукерберг вели дека тие зборувале пред вратата околу еден час, заљубени во разговорот. Добро што се запознале, бидејќи Шерил била подготвена за нови предизвици. Таа веќе барала нова работа.

По празникот, Сандберг и Цукерберг заминале на кафе во „Flea Street“ кафулето на првата во низата вечери на кои се зацврстувало партнерството.

Тие веднаш заклучиле дека нема да можат да се состануваат во ресторани бидејќи целата индустрија ќе започне да озборува. Затоа, остатокот од планот е склучен во станот на Цукерберг.

Се состанувале цели шест недели, еднаш или два пати неделно, понекогаш и во куќата на Шерил, на што нејзиниот маж Дејв Голдберг, директор на онлајн компанијата „Survey Monkey“, изјавил дека тоа изгледало како тие да се девојка и дечко, се прашувале меѓу себе „Во што веруваш?“, „Која е твојата мисија“…филозовски разговори…потенцираше тој.

upload-450934451-pic4_zoom-1000x1000-14844

До февруари 2008 година Цукерберг бил сигурен дека токму Шерил Сандберг ќе го спаси Фејсбук.

Фејсбук, говореше тогаш Сандберг, е компанија водена од инстинкти и меѓучовечки односи, алудирајќи дека тоа не е пример за Гугл, па затоа заминувањето од таму воопшто не било лесно.

Цел март 2008 година во Фејсбук таа прашувала и слушала.

„Им приоѓаше на луѓето, ги прекинуваше разговорите, се претставуваше и се наметнуваше со цел на луѓето да им посочи дека тие треба да се предадат и да воспостават директен контакт со неа“, изјави потпретседателот на Фејсбук Крис Кокс.

Шерил признава дека по доаѓањето во Фејсбук таа чувствувала преплашеност кај некои луѓе, тие се прашувале дали ќе биде премногу корпоративна за нив, дали ќе ја наруши машката култура типична за Силиконската долина.

Таа, сепак, се грижела само за финансиите.

„Над главата ни висеше прашањето, можеме ли да заработиме пари, некогаш“, изјави таа во едно интервју.

Инженерите мислеле дека парите се природна последица од генијалните веб страни, а очигледниот бизнис на Фејсбук, продажбата на огласи…. биле за никаде.

Корисниците Фејсбук го сметале за приватен простор.

Некои во индустријата веќе изразија мислење дека Фејсбук ќе пропадне како Мајспејс.

sheryl-sandberg-was-facebook-s-best-paid-employee-in-2011-d1f9e4cd8b

Таа поставила три прашања: дали за приходите треба да се потпреме на огласите, е-трговијата или претплатата. Ги викала директорите секој ден од 18-21 часот да седат, размислуваат и разговараат за тоа.

До пролетта, тие се сложиле за огласувањето, но со дискретни огласи. До 2010 тие беа профитабилни. За три години пораснаа од 130 вработени на 2.500, и од 70 милиони корисници на 700 милиони, започнаа да учат за маркетингот, изнаоѓаа сопствени модели на презентација кои огласувачите сакаа да ги платат и сл.

Пред две недели тие склопија 500 милиони вреден партнерски договор со францускиот маркетинг гигант „Publicis“ и сите започнаа да се прашуваат што е тоа што Шерил ќе го направи следно.

Шерил Сандберг е родена во 1969 година во Вашингтон, но таа со своето семејство се преселила во Мајами.

Шерил била брилијантна ученичка, и тоа, како што вели нејзината мајка, и го уништило социјалниот живот.

Дипломирала економија на Харвард, а прв ја забележал поранешниот американски министер за финансии Лаврен Самерс кај кого посетувала предавања.

Тој и се понудил за ментор на дипломската работа, на тема: Како економската нееднаквост придонесува за насилство во бракот, и кога подоцна ја основала групата за Жени во економијата, тој ја промовирал во владата.

Кога демократите во 2000 ги изгубија изборите, таа заминала во Силиконската долина и и се приклучила на технолошката револуција.

Се заинтересирала за Гугл, бидејќи тие ја прогонувале и таа мислела дека тие имаат поголема цел, овозможувајќи му на светот слободен пристап до информациите.

Сепак, ја загрижувало тоа што тие немале никаков бизнис план. Но сепак, Ерик Шмит ја повикувал секоја недела.

„Немој да бидеш идиот. Ова е вселенски број, влегувај во него“, и кажал тој.

Сандберг вработила речиси една половина од сегашните вработени во Гугл, формирала финансиска политика и ја претворила во профитабилна и одржлива компанијата.

„Тешко дека можам да ви опишам колку е таа паметна“, изјави Ерик Шмит на промоцијата на нејзината книга „Lean In“ која ја лансираше како нов проект за родовата еднаквост во деловната заедница.

sheryl-sandberg-newboard-of-director-facebook

Во историјата на бизнисот само неколку директори успеале да направат голем и успешен пресврт во две компании.

Сандберг вели дека тајната е во вештините. Во индустријата во која брзо се менува, на искуството му паѓа цената.

„Одете таму каде што расте цената на вашите вештини, менувајте ги секторите и предизвиците“, советува таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП