27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Грчката економија забележа суштински напредок, но предизвиците остануваат

ЕК: Грчката економија забележа суштински напредок, но предизвиците остануваат

ek grece

Грчката економија во првите неколку месеци од оваа година забележала суштествен напредок, но пред неа остануваат големи предизвици во многу сектори, посочува Европската комисија во извештај чии делови пренесува Радио Атина.

Во документот, што ги соддржи пролетните економски прогнози на Комисијата, се наведува дека показателите за довербата кон земјата и нејзината буџетска состојба и натаму се подобруваат, а растот за 2014 година ќе биде 0,6 отсто.

За невработеноста во земјата Комисијата забележува дека во 2013 година таа достигнала највисоко ниво, кога изнесуваше 27,3 отсто и дека се очекува во 2014 година да опадне до 26 проценти.

Во однос на ризиците за грчката економија Европската комисија потенцира дека тие ќе зависат и од настаните во Турција и во Украина.

Комисијата предупредува дека евентуалното забавување на темпото на структурни реформи може да влијае врз довербата на инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП