4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто е тоа што ве кочи во работата?

Што е тоа што ве кочи во работата?

gamedaymistakes

Интелигентни сте и креативни, но поради некоја причина не напредувате во работата. Има нешто што ве сопира на патот кон успех, но не го гледате тоа или можеби не сакате да го видите.

Затоа, бизнис-консултантот Џим Куркал ги откри најчестите причини поради кои на повеќето луѓе им попречуваат да го истакнат вистинскиот бизнис потенцијал и да постигнат успех во бизнисот.

Мрзеливост

Мрзеливоста е недостатокот на желба во нешто да се инвестира енергијата. Иако вашата работа не секогаш е привлечна, тоа не е причина да ве обзеде пасивноста. Не постојат лица кои ги исполнува работата целосно, но затоа сите успешни луѓе се оние кои се подготвени да работат напорно.

Страв

Плашлива личност сте. Имате страв да не испаднете смешен пред колегите, имате страв што ќе ви кажат вашите пријатели и семејството, доколку доживеете неуспех. За да напредувате, отфрлете ја идејата дека вие сте ограничени на било кој начин. Изградете самодоверба, бидејќи ако колегите се во можност да постигнат подобри резултати од вас, тоа е затоа што тие ги развиле своите таленти и способности повеќе од вас. Исто така можете и вие, само треба да научите како.

Негативни мисли

Се дружите со колеги кои озборуваат и ги негираат успесите на добрите работници. Полека станувате како нив и ви пречат достигнувањата на другите. Престанете со ваквото однесување и дружете се со квалитетни и успешни луѓе, токму со такви какви сакате да бидете.

Прекумерна анализа

Премногу анализирање парализира. Премногу размислување за секојдневните ситуации и односи на работа е отежнување на доверба и способност за решавање на вистински проблем. Па затоа најдете некоја активност надвор од работа што ќе ве натера да се релаксирате, како што се спорт или прошетка со пријателите. И кога ќе се вратите на работа, почнете со работа наместо да анализирате.

Бесцелност

Ништо не планирате, верувате и како секогаш се надевате дека нештото ќе се реши со помош на магија. Ви требаат цели, а експерти кои се занимаваат со мотивациски активности укажуваат на тоа дека ако сакате да постигнете некоја цел треба во вашата близина да имате слика од таа цел, која секој ден ќе ве потсетува што треба да направите за да ја остварите. Обидете се да го сторите тоа!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП