6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристите ќе и помогнат на Грција да застане на нозе

Туристите ќе и помогнат на Грција да застане на нозе

turistigrcija

Во Грција ова лето се очекуваат околу 21 милион туристи, што ќе биде новиот рекорд кој би можел да и помогне да земјата да излезе од рецесија и да го поправи економскиот кредибилитет.

Во 2013 година, една година по штрајковите и немирите во 2012 година, во Грција престојувале рекордни 20 милиони туристи.

Тоа е двојно повеќе од бројот на жители во оваа земја, наведува Асоцијацијата на грчките туристички компании, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Сепак, Грција во однос на своите соседи заостанува според туристичката потрошувачка, која во просек изнесува 146 евра на ден, во однос на Турција каде што таа е 162 евра на ден и 200 евра на ден во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП