3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Данска

Намалена невработеноста во Данска

2142506337538c71c79e0a8063141510_640x480

Стапката на невработеност во Данска во април се намали на пет проценти од работоспособното население, што се случува прв пат од јуни 2009 година.

Како што соопшти данскиот Национален институт за статистика, во ноември минатата година стапката на невработеност во оваа земја, корегирана според сезонските варијации, изнесувала 5,7 проценти и оттогаш е во постојан пад, пренесува агенцијата АФП.

Иако бруто домашниот производ на Данска силно падна во четвртиот квартал од 2013 година (0,5 проценти), тој значително порасна во првиот квартал од оваа година (0,9 проценти).

Дури и во периодот на најголемата финансиска криза и рецесија, Данска во Европа остана шампион кога станува збор за пазарот на труд, со стапка на невработеност која изнесуваше најмногу 6,3 проценти во текот на летото во 2012 година.

Ова делумно се објаснува со намалувањето на бројот на работна сила, Данска денес има за шест проценти помало активно работоспособно население во споредба со периодот од пред пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП