3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Украина не постигнаа договор за испораката на гас

Русија и Украина не постигнаа договор за испораката на гас

rusia ukraina gas

Русија и Украина не постигнаа договор за цената на гасот и за исплатата на заостанатиот украински долг за овој природен енергенс, но разговорите продолжуваат и следната недела кога ќе се одржи нов состанок, изјави синоќа еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.

Тој учествуваше на вчерашните трилатерални преговори во Брисел меѓу Европската унија, министрите за енергетика на Русија и Украина и извршните директори на руската компанија „Газпром“ и на украинската „Нефтогаз“.

Местото и датумот на следниот круг преговори се уште не се прецизирани, рече Етингер, но додаде дека средбата ќе се одржи до крајот на оваа или најдоцна до крајот на следната недела.

Проблемите во преговорите повеќе се од правна и финансиска природа, а не од политичка, нагласи Етингер и додаде дека целта му е да се постигне спогодба, која ќе гарантира доставување на руски гас за Украина од јуни 2014 до јуни 2015 година.

Москва и Киев се согласија дека испораката на гас од Русија за Украина нема да биде прекината, додека течат консултациите за спогодбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП