3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПетнаесет неверојатни факти за автомобилите

Петнаесет неверојатни факти за автомобилите

avtomobili 200

Модерното време поставува стандарди во кои скоро не е возможно да се замисли секојдневното функционирање без автомобил.

Ова се 15-те неверојатни факти за нив…

1. Моментално на Земјата се користат околу милијарда автомобили.

2. Мирисот на нов автомобил настанува поради повеќе од 50 делови од органско потекло.

3. Секој ден се произведуваат 165.000 автомобили.

4. Во базата на податоци во Калифорнија можат да се најдат шест возачи кои се викаат Исус Христос.

5. Возачите секоја година убиваат повеќе елени, отколку ловците.

6. Олтајмерот, „Бугати Ројал Келнер“ купе од 1931-ва година е продаден за неверојатни 8.7 милиони долари.

7. „Ферари“ дневно прави околу 14 автомобили.

8. Во 1916-та година 55 проценти од сите автомобили на светот биле од марката „Форд Т“. Овој рекорд се уште не е соборен.

9. 53 отсто од сопствениците на автомобили, својот љубимец главно го мијат еднаш месечно, а дури 16 проценти од нив изјавиле дека возилото никогаш не го мијат.

10. Најголемата казна за прекорачена брзина и изречена во Швајцарија. Таа изнесувала дури милион долари. Казнетиот возач возел преку 280 km/h, a затоа што станувало збор за богат господин, висината на казната е соодветна со неговите приходи.

11. Брисачите ги измислила жена. Жените направиле 173 изуми за автомобилите, меѓу кои и карбураторот.

12. На секои 22 лица на кои им го спасува животот, воздушното перниче убива една личност.

13. Црвените автомобили се забранети во Шангај.

14. Секој Американец во текот на својот живот во просек поминува две недели чекајќи на семафор да се запали зелено светло.

15. Првата автомобилска трка во САД е одржана во Чикаго во 1895-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП