28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРедовните плаќачи на ЕВН Македонија во натпревар за наградите „Среќно семејство“

Редовните плаќачи на ЕВН Македонија во натпревар за наградите „Среќно семејство“

nagradi evn

Три среќни семејства на корисници кои редовно ги плаќаат сметките за електрична енергија вечерва ќе се натпреваруваат во наградната игра на ЕВН Македонија „Среќно семејство“. Низ четири забавни игри семјствата ќе се натпреваруваат за награди од 300, 500 и 1.000 евра. Како што соопштуваат од компанијата, со ова ЕВН Македонија ја наградува довербата на своите корисници кои редовни ги плаќаат сметките.

Минатата недела во првото промотивно издание се натпреваруваа семејствата на познати личности, а средствата беа наменети за интернатот „Гоце Делчев“ од село Љубанци, за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД аспергеров синдром „Во мојот свет“- Скопје и за Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје.

ЕВН Македонија двојно го зголеми наградниот фонд од играта со што дополнителните средства беа донирани за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Наградната игра „Среќно семејство“ се емитува на ТВ Алфа секој втор понеделник во 19:15 часот по централниот дневник. Истиот ден емисијата се емитува и на ТВ Алсат во 22:15 часот на албански јазик. Репризните изданија на наградната игра на двете телевизии ќе се емитуваат за време на викендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП