6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлободни над 6.000 работни места во првиот квартал

Слободни над 6.000 работни места во првиот квартал

plostad-makedonija-skopje-central-square

Во Македонија во првиот квартал имало 6.503 слободни работни места. Најмногу 2.266 слободни работни места според објавените податоци на Државниот завод за статистика биле во преработувачката индустрија.

Според региони, најмногу слободни работни места, 2.447, имало во Скопскиот, во Вaрдарскиот имало 1.180, а најмалку во Полошкиот 195 слободни работни места.

Меѓу претпријатијата најмногу слободни места имало во претпријатијата кои со со над 250 вработени. Тука биле објавени 2.248 слободни работни места.

Од претпријатијата најмногу 1.648 се барале ракувачи и составувачи на машини, 1.601 работно место биле за услужната дејност, а биле барани и 480 стручњаци и научници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП