8 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожности за поголема соработка на австриски и македонски компании

Можности за поголема соработка на австриски и македонски компании

sorabotka1

Македонија и Австрија имаат простор за одлична економска соработка. Трговската размена лани достигнала 190 милиони долари, а во првиот квартал бележи раст од 46 проценти и изнесува 45 милиони американски долари. За да се зголеми размената Стопанската комора на Македонија и Австриската амбасада во Скопје преземаат активности за поврзување на македонски и австриски компании.

Во таа насока е и утрешната презентација на неколку австриски комании од областа на преработувачката индустрија, кои пред македонските компании ќе презентираат опрема и за земјоделството и преработувачката индустрија.

Економското аташе Герхард Шлатл потенцира дека e избран овој сектор бидејќи е во подем и има можност за развој.

Покрај оваа презентација, информира, во втората половина од годинава ќе се претстават компании во делот на градежништвото и инфраструктурата, а целта е да се однесат и македонски компании во Австрија и да се направи вмрежување на македонски и австриски компании.

Имаме политика на отворени врати и ги повикуваме сите компании кои сакаат да соработуваат со компании од Австрија да се обратат до економското аташе во Австриската амбасада, рече Шлатл.

Во Македонија се присутни и повеќе австриски компании. Австрија е на второ место по инвестиции кои во 2012 година изнесуваа 81,7 милиони долари.

Како што потенцира Шлатл, австриските инвеститори ја оценуваат бизнис климата како задоволителна. Најголеми забелешки според анкетите што ги спроведуваат се однесуваат на ликвидноста на македонските компании, особено јавните претпријатија, законодавството и корупцијата.

На австриските компании им треба долго време да одлучат за инвестирање во Македонија но кога ќе донесат одлука инвестирањето е на долг рок, истакна Шлатл.

Најголемиот дел од австриските компнаии кои инвестираа во земјава се во осигурителниот пазар и банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП