20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора должи 2 милијарди евра

Црна Гора должи 2 милијарди евра

money4

Вкупниот надворешен долг на Црна Гора на крајот на минатата година изнесуваше 1,43 милијарди евра, додека внатрешниот изнесуваше половина милијарда евра.

Поединечно пресметано, Црна Гора најмногу и должи на швајцарската „Credit Suisse“ банка – 242 милиони евра, потоа на Меѓународната банка за обнова и развој 235,6 милиони евра, на земјите на Парискиот клуб на кредитори 98,8 милиони, а на Европската инвестициска банка 96,3 милиони евра.

„Надворешниот долг во текот на 2013 година е зголемен за 138 милиони евра во однос на крајот на 2012 година. Состојбата на надворешниот долг е зголемена, најмногу поради, потпишувањето на новиот кредитен аранжман со „Deutsche Bank“ и „Erste Bank“ во износ од 60 милиони евра и емисијата на еврообврзници во износ од 80 милиони евра“, се вели во Извештајот за државниот долг и издадените гаранции на Црна Гора.

Како што додаваат, наведените аранжмани, во вкупен износ од 140 милиони евра, наменети се за финансирање на буџетскиот дефицит.

Растот на внатрешниот долг, пред се, е предизвикан со зголемувањето на долговите на локалната самоуправа за околу 56,5 милиони евра, долгот по основ на државни записи за околу 5,4 милиони евра, скокот на долгот по основ на обештетување за околу 6,9 милиони, како и по основ на кредитите на домашните комерцијални банки во износ од околу 54,1 милиони евра, пренесува порталот Cdm.me

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП