3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖената која победува банкари

Жената која победува банкари

madridm15

Насилно иселување на семејства од нивните домови, протерување на деца и постари луѓе, луѓе кои ги загубиле своите работни места, со години е сурова секојдневна реалност на Пиринејскиот полуостров.

Секој ден, заради промените во Законот за хипотеки во Шпанија се исфрлени на улица 514 домаќинства.

Темпото се забрзува со сериозноста на кризата која започна кога пукна вештачки надуваниот градежен-банкарски меур.

Со еден милион и четиристотини илјади потписи собрани низ цела Шпанија, Ада Колау (39) се чувствувала како џин, кога пред некој ден во парламентот во Мадрид во име на повредените бездомни лица побара промени за неправедните закони за хипотеки.

На луѓето им биле давани евтини кредити без покритие, градежниците со галантни подароци ги охрабрувале партиите на власт да донесат добро приспособени закони. Кога ќе се исфрлат на улица, а нивните станови ќе ги заплени банката, бездомниците се уште се нејзини должници. Дури и ако имаат работа, поради долгот не можат да изнајмат друг стан.

 

Животот под хипотека

“Живот под хипотека”, како што се вика една од книгите на Ада Колау, секојдневните самоубиства на луѓе кои добиле налог за иселување од домот, неправдата која ја трпат најранливите слоеви… сето тоа направило граѓаните да се потпираат еден на друг, да се организираат и да бараат промени во законот.

Ада, предлогот за нов закон го претставила пред парламентарците, банкарите, економистите и други “експерти” во парламентот. Бранејќи го тој сет на предлози за промени, во еден момент го изгубила трпението.

“Ти си криминалец”, му викнала на еден банкар в лице кога тој одбил да признае аргументи за милиони евра.

Се дигнало многу прашина, и мнозинската Народна партија со премиерот на чело, се закани дека ќе гласаат против тоа иницијативата на граѓаните да влезе во парламентарна процедура.

Сепак победнија само-организираните граѓани, и тоа не е заслуга на ниту една политичка партија, изјави Ада пред толпата ентузијасти. Ова е само почеток. Трагедијата се уште трае. На Ада Колау и честитаа за борбеноста.

Банкарот на кој му беше упатена навредата ни малку не бил расеан.

“Добро е што не фрли по мене со чевел”, изјавил тој за медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП