9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMotorola ја затвора фабриката во Тексас

Motorola ја затвора фабриката во Тексас

moto fab

„Motorola“ објави дека до крајот на 2014-та година ќе ја затвори својата фабрика во „Fort Worth“  (Тексас). „Google“ ја отвори оваа фабрика само за една цел, производство и составување на паметниот телефон „Moto X“ за пазарот во Северна Америка.

Но, производството во САД и ознаката „Assembled in the USA“ се покажа премногу скапо за „Motorolа“ и фабриката генерираше загуби кои веќе неможеа да се толерираат. За таа прилика претседателот на „Motorolа“, Рик Остерлох, изјави дека смета пазарот во Северна Америка е исклучително тежок.

Затворањето на фабриката доаѓа во време на процес на трансфер над сопственоста над „Motorolа“ во рацете на кинески „Lenovо“, кој комапнијата ја купи од „Google“ за 2,9 милијарди долари. На крајот вреди да се спомене дека со затворањето на фабриката „Fort Worth“ без работа ќе останат 700 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП