2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIATA очекува профит од 18 милијарди долари во 2014

IATA очекува профит од 18 милијарди долари во 2014

iata48464654szohufueuwyheifhdsknv

Меѓународната асоцијација на авиопревозници „IATA“ денес соопшти дека во 2014 година очекува рекорден нето профит од 18 милијарди долари.

Приходите истовремено би требало да достигнат 746 милијарди долари, изјави генералниот директор на „IATA“ Тони Тајлер, пренесува агенцијата Франс прес.

„Тоа звучи импресивно, но бруталната економска реалност е дека на приходите од 746 милијарди долари ќе имаме просечна нето маржа од само 2,4 проценти, што е помалку од шест долари по патник“, изјави Тајлер.

„IATA“ во март соопшти дека на 240 авиопревозници кои обавуваат околу 84 проценти од глобалниот авиосообраќај  им ја ревидирала прогнозата на профитот на 18,7 од 19,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП