4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст во Кина трет месец по ред

Раст во Кина трет месец по ред

rastdeficitshvedska2523

Кинеската производна активност порасна во мај трети месец по ред, што укажува на стабилизација на закрепнувањето на втората по големина светска економија, покажуваат податоците.

Кинеската Федерација за логистика и набавка наведува дека индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) минатиот месец се зголемил на 50,8 од 50,4 поени од април и тој резултат е највисок од почетокот на годината, пренесува агенцијата Франс прес.

Економскиот раст на Кина забави во првиот квартал на 7,4 проценти, во време кога Пекинг се обидува да ја намали зависноста од трговијата и инвестициите и да ја поттикне домашната потрошувачка.

Кинескиот ПМИ кој го пресметува банкарскиот гигант HSBC во мај се зголеми на 49,7 од 48,1 поени од претходниот месец, при што секој резултат над 50 поени укажува на раст, а секој под 50 поени на пад на секторските активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП