3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе министри во Мјанмар задолжени за привлекување странски инвестиции

Повеќе министри во Мјанмар задолжени за привлекување странски инвестиции

new-checkpoints-in-Myanma-and-Thailand

Со цел да се намали дебалансот на увозно-извозните резултати, во Мјанмар е извршена целосно промена на членовите на Националната комисија за привлекување на странски инвестиции, така што најголем број од 13-те члена во тоа тело се министри и заменици.

Потегот е направен по објавувањето на податоците, според кои, лани Мјанмар остварил извоз вреден 11,2 милијарди долари, но трговскиот дефицит изнесува 2,65 милијарди долари.

Од 1988 година кога Мјанмар, тогаш Бурма, ги отвори вратите за странски вложувања, во државата странците инвестирале над 46,5 милијарди долари. Најголеми странски инвеститори биле кинески компании со над 16 и тајландски со 10 милијарди долари. Лани во Мјанмар странците инвестирале 4, а во првите четири месеци од годинава 2,3 милијарди долари.

Според објавената стратегија, новиот состав на Комисијата најмногу треба да се насочи кон инвеститори подготвени да вложуваат во новите енергетски објекти, туризмот и некои сектори во земједелството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП