
Невработеноста во Австрија се зголемила на крајот на мај на 370.143 лица, односно за 12,1 проценти на годишно ниво.


Невработеноста во Австрија се зголемила на крајот на мај на 370.143 лица, односно за 12,1 проценти на годишно ниво.
Бројот на пријавени во Бирото за вработување, достигнал 290,892 лица, а повеќе од 79,250 биле на дошколување, се наведува во соопштението на Министерството за социјални прашања и вработување.
Министерот Рудолф Хундстордер укажа дека трендот од последните месеци продолжува. Растот на вработувањата продолжува, но и понудата на работна сила на пазарот се повеќе расте.
Тоа, според неговите зборови, со стагнацијата на економијата, води кон понатамошен раст на бројот на невработени.