25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus склучи договор со Air New Zeland

Airbus склучи договор со Air New Zeland

Airbus A350 XWB

Авиокомпанијата „Air New Zeland“ најави нарачка на 14 авиони за средни растојанија од „Airbus“ во вкупна вредност од 1,5 милијарди долари според продажната цена.

Поконкретно станува збор за три авиони од верзијата со нов мотор „A321neo“, 10 примероци од моделот „A320neo“ и еден од „А320“, прецизира директорот на компанијата Кристофер Лукстон на прес-конференција во Доха, каде денеска започна годишното собрание на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IАТА).

Моделите „neo“ ќе бидат доставени меѓу 2017-та и 2019-та година, а „А320“ во класична верзија – во почетокот на 2015-та година. Овие авиони кои се поекономични, ќе и овозможи на компанијата да ја модернизира својата флота. Трансакцијата е склучена во присуство на трговскиот директор на „Airbus“, Џон Лихи.

Годишното собрание на „IАТА“ продолжува до вторник 3-ти јуни. Тоа е посветено на економските перспективи за воздушниот сектор, а новите предвидувања ќе бидат објавени утре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП