27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ подготвува негативна каматна стапка за еврото

ЕЦБ подготвува негативна каматна стапка за еврото

ecb5

Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвува да воведе негативна каматна стапка за еврото, за да ја спречи дефлацијата, пишува лондонскиот деловен весник „Фајненшл Тајмс“.

На претстојниот состанок во четврток се очекува Советот на директори на ЕЦБ да направи данок кој досега не го направила ниту една централна банка – односно да ја намали референтната каматна стапка под нулата, наведува весникот.

Истовремено, тој веројатно ќе го прошири кредитирањето на мали и средни претпријатија.

Негативната каматна стапка значи дека на инвеститорите нема да им биде исплатливо да ги држат парите на сметките во банка бидејќи за нив нема да добиваат камата.

На тој начин ЕЦБ, според мислењето на независни експерти, ќе се обиде истовремено да оствари две цели – да го зголеми кредитирањето на бизниси преку приватните банки и да го намали курсот на еврото во однос на доларот и другите силни валути.

„Не треба да се потценува можното влијание на негативната каматна стапка на курсот на еврото“, укажа аналитичарот на банката „ING“ Перт Крпат и додаде дека тој чекор може само ја одложи понатамошната апресијација на еврото и ништо повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП