25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad во Alitalia инвестира 600 милиони евра

Etihad во Alitalia инвестира 600 милиони евра

etihad_0_0_468X10000hgu78gk

„Etihad“ ги финализираше условите кои ги бара за големата инвестиција во „Alitalia“ по повеќемесечните преговори.

„Etihad“ не откри други детали, но во едно ТВ интервју италијанскиот министер за транспорт изјави дека „Etihad“ е подготвен да инвестира околу 600 милиони евра во „Alitalia“. Извештаите велат дека за возврат компанијата од Абу Дaби ќе добие 49 проценти од уделот во „Alitalia“.

Договорот треба да го потврди управата на „Alitalia“ и другите единици. Ројтерс извести дека „Alitalia“ се согласила на гасење на 2.900 работни места, а според договорот, италијанската влада се соглaси да го поддржи планот за вишокот загрозени лица.

Во соопштението, „Etihad“ наведува дека италијанската влада „гледа позитивно“ на партнертството на авиокомпаниите.

Според планот на „Etihad“, „Alitalia“ ќе биде комплетно реструктуирана и претворена во холдинг компанија која ќе ги преземе повеќето долгови од авионските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП