2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Бразил бележи слаб раст

Економијата на Бразил бележи слаб раст

brazil1155

Економијата на Бразил, седмата економска сила во светот, бележи слаб раст и покрај големите инвестиции за претстојното Светско првенство во фудбал.

Бруто домашниот производ (БДП) порасна за 0,2 проценти во првиот квартал од оваа година. Бразил веќе трета година по ред има мал економски раст – 2,7 проценти во 2011 година, еден процент во 2012 година и 2,5 проценти во 2013 година.

Во октомври ќе бидат одржани претседателски избори, но аналитичарите оценуваат дека растот ќе остане и понатака мал – од 2,3 до 2,5 проценти од БДП.

Бразилската влада инвестираше 11 милијарди долари за организација на Мундијалот. Економистите сметаат дека тие инвестиции подоцна ќе вродат со плод и тоа дури во 2019 година. Светското првенство ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП