6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина и плати на Русија 786 милиони долари за гас

Украина и плати на Русија 786 милиони долари за гас

Gasovodeh78fy3denar

Украина на Русија и плати 786 милиони долари од долгот за гас, што е значително помалку од она што го бараше руската нафтена компанија Газпром, изјави денес украинскиот премиер Арсениј Јаченјук.

Јаченјук изјави дека Киев платил долг врз основа на цената од 268 долари по кубен метар, која Русија ја договори со Украина, пред цената речиси двојно да се зголеми по падот на претседателот Виктор Јанукович.

Газпром претходно објави дека украинскиот долг до 7 јуни ќе достигне 5,2 милијарди долари ако Украина не започне да го отплатува.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Украина ја известила Москва за уплатата, но дека Газпром допрва треба да ги прими парите.

Посредникот од Европската Унија, Гинтер Отлингер, оцени дека Русија и Украина напредувале во разговорите за спорот околу гасот во Берлин и дека тие повторно ќе се сретнат во Брисел, ако Москва го потврди приемот на пари.

Украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан потврди дека Киев платил 786 милиони долари за гасот испорачан во февруари и март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП