Работна средба на тема „Потпишување на конзорциумски договор за стратешка соработка за директни ЕУ фондови за периодот 2014-2020 година“ ќе се одржи денеска во кампусот на Универзитет на ЈИЕ во Скопје.

Целта на потпишувањето на договорот е синхронизирана меѓусекторска соработка за искористување на директните ЕУ фондови достапни за субјектите од Република Македонија во функција на зголемување на промоцијата, иновациите и конкурентноста на малите и средните претпријатија.
Македонскиот конзорциум го сочинуваат Централниот регистар на РМ, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Универзитетот на ЈИЕ, ЕМКИЦЕ-Центарот за ЕУ фондови и иновации, општините Тетово и Гази Баба…
Меѓу странските партнери и поддржувачи се Европската мрежа на бизнис ангели, Европската мрежа на бизнис и иновациски центри, Европскиот бизнис акцелератор и други.