28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Гугл“ ќе инвестира во сателитска мрежа за поголем пристап до интернет

„Гугл“ ќе инвестира во сателитска мрежа за поголем пристап до интернет

goog

Американската компанија „Гугл“ планира да инвестира повеќе од една милијарда долари во сателитска мрежа, чија цел ќе биде проширување на пристапот до интерет во оддалечени делови од светот, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

Проектот ќе започне со 180 помали сателити кои ќе се наоѓаат во орбита на помала височина од онаа што вообичаено се користи за сателити.

Во зависност од големината на мрежата, вредноста на проектот може да изнесува од една до над три милијарди долари.

Интернет гигантот во април соопшти дека ќе употреби и беспилотни авиони за истата цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП