15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрим од денеска минува кон рубљата

Крим од денеска минува кон рубљата

rubles-ap-gallery

Крим од денеска минува кон рубљата како своја валута.

Во продавниците ќе исчезнат цените во две валути и сите плаќања веќе ќе се извршуваат во рубљи, додека украинската гривна добива статус на странска валута, соопшти ИТАР-ТАСС.

Руската рубља беше прогласена за официјална валута во Крим на 21 март, веднаш по вклучувањето на Крим во составот на Руската Федерација.

Првично беше предвидено во рок од 1,5 година, до 1 јануари 2016 година, на Полуостровот да функционираат две валути, украинската и руската, но подоцна беше одлучено овој рок да се скрати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП