27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel вложува во автомобилската индустрија

Intel вложува во автомобилската индустрија

intel koli

„Intel“ сака да го забрза развојот во нови автономни возила, а компанијата ги најави и првите производи за таа цел. Преставена е новата линија на производи „In-Vehicle Solutions“, т.е. најавени се дополнителни вложувања и истражувања на кои целта е да се стимулира развојот на автомобили, во насока на подобро информирање, помагање и превземање на контролата на возилото.

Линијата на производи „In-Vehicle Solutions“ опфаќа низа компјутерски модули, интегриран програмски пакет кој се состои со оперативен систем и посреднички програмски опреми, т.е. развојни пакети. Решенијата на производителите на автомобили ќе им овозможат своите ресурси да ги насочат кон технолошките иновации и подобри кориснички доживувања во возилата.

Првите достапни производи се осмислени за информирање и забава со напредни можности за помош на возачите, додека идните производи ќе бидат наманети за напредна возачка средина, како што се автономни или автомобили кои сами возат.

Оддлението на „Intel“ – „Internet of Things Group“ во првиот квартал оствари приходи од 482 милиони долари, што е зголемување од 32% во однос на истиот период од минатата година, а тоа е резултат на големата побарувачка за автомобилски системи за информирање и забава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП