24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар целосно ја укина контролата на капиталот

Кипар целосно ја укина контролата на капиталот

kipar1k8u7k7ik

Кипар вчера официјално ги укина сите ограничувања на трансферите на пари во земјата, една година откако воведе драконски мерки наменети за спречување на одливот на капитал од банките.

„Отворањето на нови банкарски сметки, како една од последните контроли на капиталот, сега е дозволена“, соопштија вчера од кипарското Министерство за финансии, пренесува агенцијата АП.

Сеуште не е дозволено префрлување на пари во странство, но според зборовите на кипарските власти и таа забрана би требало да биде укината до крајот на оваа година.

Укинувањето на забраните доаѓа 14 месеци откако Кипар доби финансиска помош од десет милијарди евра од другите членки на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП