6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка одобри кредит од 220 милиони долари за Албанија

Светска банка одобри кредит од 220 милиони долари за Албанија

Albania

Албанија потпиша договор со Светска банка за два кредита за поддршка на буџетот во вредност од 220 милиони долари.

Кредитите имаат за цел да му помогнат на буџетот на земјата и да ги поддржат реформите на Владата во даночниот и пензискиот систем, како и во енергетскиот сектор.

„Средствата треба да се вратат во рок од 30 години со седумгодишен грејс период“, соопшти Светската банка.

Албанската Влада се соочува со голем државен долг, кој минатата година достигна 70,5 проценти од бруто домашниот производ, наспроти 60 отсто во 2012 година.

Банката и властите во Тирана не наведуваат колкава ќе биде каматата за кредитите. Во февруари Меѓународниот монетарен фонд и одобри на Албанија кредит од 331 милион евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП